ВМРО-ДПМНЕ: Економијата да одеше во добар правец немаше 58% од младите да сакаат да се иселат

/

Економијата да одеше во добар правец како што велат од фабриката за лаги на СДСМ, немаше да за само 6 месеци згаснат околу 5.000 фирми, а за една година под клуч да се повеќе од 10.000 фирми.

Економијата да одеше во добар правец немаше да има над 60.000 невработени граѓани, а над половина милион граѓани да живеат под прагот на сиромаштијата.

Богати се само Заев и неговите луѓе околу него, а за тоа граѓани се повеќе осиромашуваат.

Поради лошите економски политики на Владата, според студијата „Социо-политичко учество на младите: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања”, изработена во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер покажува дека 58% од младите би се иселиле, доколку им се укаже можност.

Долгот заклучно со вториот квартал достигна неверојатни 7,4 милијарди евра или 64,4% од БДП. Тоа значи дека само за последните три месеци власта на Заев ја задолжила Македонија за 213 милиони евра, или за првото полугодие за 904 милиони евра.



Откако Заев е на власт долгот го покачи за неверојатни 2,7 милијарди евра нов долг. Патем со неговата Влада ништо не направија, ниту ветените 600 километри нов автопат, ниту нови болници, ниту ветениот клинички центар, ниту нови училишта, ниту ветениот студентски град. Апсолутно ништо.

Заев со власта потрошија 4 рекордно високи буџети, ја задолжија државата до ниво од 7,4 милијарди евра долг, а парите и делата никаде ги нема.

Од економија од власта на Заев можеме да слушнеме само за поскапување и задолжување.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Претходна статија

Вчера аплицирани 15.574 вакцини

Следна статија

САД одобрија дополнителна доза на вакцина за луѓе со слаб имунолошки систем

Најново од Вести