| |

Бугарскиот премиер Кирил Петков доаѓа во Скопје на 18 јануари

Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за тв Блумберг најави дека неговата прва посета на Северна Македонија најверојатно ќе случи на 18 јануари.

„Од наша страна, прашањето е разјаснето и сакам да разговараме со нашите македонски партнери за многу набиен распоред на меѓувладини и деловни средби, како и културни групи од двете земји со многу јасни цели. Според тоа како напредуваме по сите прашања, очекувам да го одредиме конечниот датум за прием на РС Македонија“, вели Петков во интервјуто за Блумберг.

Петков вели дека се отвораат 5 нови работни групи.

„Затоа отвораме пет нови групи – за инфраструктура, економија, културна размена, пристапување во ЕУ и историја. Се надевам дека ова нема да бидат само владини состаноци – сакам овие групи да работат исклучително ефикасно во следните шест месеци и да постигнеме вистински резултати“, вели тој.

Запрашан за историјата што останува проблем меѓу двете земји, дури и ако сите други работни групи постигнат одреден напредок, Петков рече дека верува оти луѓето би биле многу понаклонети да бидат поотворени кога ќе се соочат со сите позитивни страни на добрососедството, а такви ги има многу. Досега, вели, не се зборуваше за нив, туку само за проблемите, а кога станува збор за проблемите, сите се држат до своите позиции и нема напредок.



Слични Објави