(Видео)Радев останува цврст: Бугарите во Уставот, прекин на говорот на омраза и прекин на дебугаризацијата услови за давање на „зелено светло“ за РС Македонија

//

Бугарија продолжува да биде отворена за дијалог со Северна Македонија, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев.

„Верувам дека ќе се исполнат сите ветувања и заложби од нашите соседи за да се забрза процесот на интеграција на Северна Македонија“, изјави Радев.

Претседателот на Бугарија повтори дека уставните гаранции за македонските Бугари, прекинот на говорот на омраза и прекинот на процесите на дебугаризација ќе помогнат да се забрза процесот за Бугарија да може да ја отвори вратата за преговори за членство.



Шефот на државата ги поздрави намерите на бугарската Влада за интензивирање на дијалогот меѓу Софија и Скопје.

Претходна статија

Бугарскиот премиер Кирил Петков доаѓа во Скопје на 18 јануари

Следна статија

РС Македонија во ЕУ без чекање-Бугарите живеат таму во постјугословенски концентрационен логор

Најново од Вести