Грчки европратеник: Македонскиот јазик е 90% сличен на бугарскиот
Грчкиот европратеник Емануел Кефалојанис изјави дека нема потреба претставниците на Северна Македонија да ставаат слушалки за превод кога некој зборува на бугарски. Изјавата на Кефалојанис дојде за време на состанокот на Европскиот парламент, јавува БГНЕС.
„Гледам дека кога зборуваат моите бугарски колеги, вие ставате слушалки. Ајде да направиме експеримент. Зборувајте на вашиот јазик, за нас европратениците, да видиме дали нашите бугарски колеги ќе стават слушалки за да го слушнат преводот на тоа што имате да го кажете. Затоа што дури и многу официјални претставници на вашата земја и министри прифатиле дека вашиот јазик е 90% сличен на бугарскиот“, рече Кефалojaнис.
Тој повторно го покрена прашањето за употребата на уставното име на Северна Македонија од страна на властодршците во Скопје.
„Новата влада што се појави по неодамнешните избори во вашата земја продолжува да го користи терминот „Македонија“ и „македонски“, прекршувајќи го најважниот услов во Договорот со Грција: ерга омнес“, додаде грчкиот европратеник.
БГНЕС потсетува дека по потпишувањето на Договорот од Преспа (од владите на Зоран Заев и Алексис Ципрас) во 2018 г. тогашната Република Македонија го промени уставното име во Северна Македонија.

