ГАЗДАРИЦАТА НА ДИАМЕД: ИМАМ ДОКАЗИ ДЕКА ДОНЧЕВ И ФИЛИПЧЕ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ЈА ПОПРЕЧАТ ПРОДАЖБАТА НА МОЈАТА ФИРМА
Поседуваме докази кои експлицитно укажуваат дека Ден Дончев и Венко Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија со тоа што давале лажни изјави и го манипулирале инвеститорот, вели во интервју за „Република“ сопственичката на фирмата „Диамед“, Вера Иванова, која е под истрага во Обвинителство за спорните концесии доделени за центрите за дијализи.
„Точно е тоа што го кажа Ден Дончев на прес-конференцијата дека државата не спречувала влез на странски капитал, меѓутоа не кажа дека тој лично со помош на Венко Филипче приватно за своја корист, а користејќи ги своите позиции, ја злоупотребиле државата и спречувале координирано влез на странски капитал во државата“, вели Иванова во интервјуто за „Република“.
