ЈОВЕСКИ: ПОСТАПКАТА ЗА „РЕКЕТ“ СЕ ОДВИВА БЕЗ НАДВОРЕШНИ ВЛИЈАНИЈА
Постапката за расветлување на аферата наречена „Рекет“ оди сеопфатно без странични влијанија со обезбедување релевантни докази против инволвираните во кривично правните дејствија, изјави денеска јавниот обвинител Љубомир Јовевски на панелот „Како против корупцијата“, во рамки на Третата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Македонија,јавува Фокус.
“Владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Северна Македонија, слика на степенот на демократијата е способноста на државата да овозможи тоа да важи подеднакво за сите“, истакна Јовевски.