| | |

(Видео) Бугарската хип-хоп ѕвезда Криско ќе биде специјален гостин на концертот на Марко Маринковиќ-Слаткар на 2 август во Охрид

Бугарската хип-хоп ѕвезда Кристијан Талев- Криско ќе биде специјален гостин на концертот „Слаткаристика и пријателите“, кој ќе се одржи на 2 август во „Билјанини извори“ во Охрид. По тој повод Криско сними кратко видео со порака до своите фанови во земјата.

Организаторите го најавуваат концертот „Слаткаристика и пријатели“ како една од најголемите музички вечери ова лето.

Покрај „домаќинот“ Марко Маринковиќ- Слаткар и Криско, на сцената ќе се истакнат уште поп-дивата Калиопи, Цоби, Пајак, Тони Зен, Next Time, Тајзи, Дупер, Зи Бомб и диџеј Че.



Слични Објави