„Зелени библиотеки“ повторно во парковите на Софија
Градската библиотека во Софија денеска, 1 август, по 12. пат ја почнува иницијативата „Зелени библиотеки“, чија прва станица е Јужниот парк на бугарскиот главен град.
До средината на септември, жителите и гостите на Софија за време на викендите ќе можат да се сретнат со автори и писатели за деца, да учествуваат во креативни активности и да позајмат книги од мобилниот огранок „Библиобус“.
Посетителите ќе можат бесплатно да добијат членски картички, да разгледаат тематски изложби и да се вклучат во иницијативата „Споделени книги – земи, прочитај, врати“.
