| |

АНТИКОРУПЦИСКА: НЕМА СУДИР НА ИНТЕРЕСИ ВО ОДЛУКАТА НА УСТАВНИТЕ СУДИИ ЗА КРАТЕЊЕТО НА НИВНИТЕ ПЛАТИ

Државната комисија за спречување на корупција сметаат дека не постои судир на интереси кога уставните судии одлучувале по поднесената иницијатива за кратење на платите на минималец за избраните и именуваните функционери.

„Имено, имајќи предвид дека надлежноста на Уставниот суд е утврдена само со Уставот, а Уставниот суд е единствен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот и согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот, сметаме дека во овој случај не е надвладеан личниот интерес во вршењето на службената должност“, велат од Антикорупциска.



Слични Објави