Антикорупциска отвори предмети за судир на интереси за изборот на јавни обвинители

//

„Државната комисија за спречување корупција“ отвори неколку предмети за кои се објавуваа информации во јавните гласила, во однос на изборот на обвинителите во Советот на јавни обвинители.  Комисијата донесе одлука да се отворат два предмети од областа на судир на интереси и да се пристапи кон прибирање на релевантна документација од институциите со цел утврдување на фактичката состојба, врз основа на кои ќе може да донесе конечен заклучок за постоење или непостоење судир на интереси. 

Станува збор за изборот на внуката на претседателот на Советот, Коле Штерјев, како и неизборот на обвинителката Лидија Раичевиќ во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Коле Штерјев во соопштение за јавноста напиша дека одлуките во Советот се носат колективно преку поединечно гласање на секој член. Се повика на Правилник на Државната комисија за спречување корупција според кој тетин и внука не се сметаат за крвно сродство за тој да се изземе од гласање. За неизборот на обвинителката Раичевиќ, Штерјев ѝ соопшти на јавноста дека таа немала доволно бодови за да биде избрана во Обвинителството за организиран криминал и корупција.



Претходна статија

Берлинскиот ѕид- два пати по 10. 316 денови

Следна статија

Ќе ви дојдеме во Солун… на рандеву

Најново од Вести