АНТИКОРУПЦИСКА СО ПРЕДМЕТ ЗА МИНИСТЕРКАТА АНГЕЛОВСКА ЗАРАДИ ПОВЛЕЧЕНИТЕ ПАРИ ОД ЕУРОСТАНДАРД БАНКА
Антикорупциската комисија ќе отвори предмет за министерката Нина Ангеловска, јавува Алфа.
Истрагата треба да покаже дали Ангеловска располагала со претходни информации кои влијаеле на тоа таа да ги повлече нејзините пари од банката навреме. Имено, таа во март и почетокот на мај, била на состаноци на Комитетот за финансиска стабилност со кој претседава гувернерката на Народната Банка. Антокорупциска тврди дека подолг период траеле обидите за санација на банката, па треба да се истражи дали Ангеловска имала целосен увид во финансиската состојба на Еуростандард.
Од кабинетот на министерката веќе ги определија како лажни вести информациите дека таа подигнала штеден депозит од Еуростандард банка, по добиена информација дека банката ќе ја изгуби лиценцата. Тие потенцираа дека промените биле направени пред подолг период.
Сепак, бројките покажуваат дека последен пат, Ангеловска повлекла пари неполни два месеци пред Еуростандард да и ја одземе дозволата за работа, се вели во материјалот на телевизија Алфа.