(Видео) К8: Корубин и Василев во еден разговор за РС Македонија, Бугарија, Балканот и Европа
Општественичката и аналитичарка од РС Македонија Никица Корубин и познатиот бугарски новинар Бојко Василев синоќа во најновата епизода на македонско-бугарската седенка „Коридор 8“ разговараа за последните случувања околу евроинтеграцијата на земјата и односите со Бугарија.
Има ли Бугарија додатни услови за РС Македонија по внесувањето на Бугарите во Уставот за почеток на преговорите со ЕУ? Кој е реалниот проблем пред власта во РСМ? Го сокри ли „бришењето на идентитетот и јазикот“ еден од основните проблеми во извештајот Вајц- влијанието на Српски свет во земјата? Сака ли власта во РС Македонија земјата да стане дел од ЕУ? На овие и на други прашања одговараат двајцата соговорници.

