АНТОНИО МИЛОШОСКИ ВЛАДАТА САКА ДА СКРИЕ НЕШТО
Антонио Милошоски смета дека Заев и Димитров кријат нешто пред народот. Според него има причина зошто Заев и Димитров го кријат договорот и записите од лидерските средби. Една од можните причини за ваквото нивно однесување е дека тие можеби го имат извршено делото потчинување на Македонија кон друга држава. Тој нагласува дека СДСМ делува лицемерно, бидејќи тие кога ги пуштале бомбите тоа било за добробит на државата, а сега кога се доставуват документи до пратениците, тогаш тоа е лошо, се кријат, и се забранети како Библија во Саудиска Арабија.