АНТОНИО МИЛОШОСКИ : НАТO НЕ НИ ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ
Во своето гостување на АЛФА ТВ, Антонио Милошоски нагласи дека влезот во НАТО не значи решавање на сите проблеми, посебно проблемот со заканите за потенцијална граѓанска војна помеѓу Македонците и Албанците. Антонио Милошоски направи комперација со Турција и Велика Британија, односно дека нивните проблеми со Курдите на Турција, и во Белфаст на Велика Британија ги решавале сами, а не НАТО. Според него ако Албанците решат да прават проблеми хипотетички зошто а пример нема градоначалник Албанец во Скопје, НАТО нема да го решава тој проблем, туку Македонија со своите капацитети. Спорет Антонио Милошоски , и да сме членки и на БРИКС, ОПЕК и други престижни организации, доколку сами не ги решаваме проблемите со инфрастуктура, родилиштата, училиштата, тоа нема да ни го реши НАТО или некој друг. Сепак тој нагласува дека НАТО помага во имиџот и престижот кој би го поседувала Македонија, но не на начинот на кој тоа сака да го прикаже Владата.
