Нападната кубанската амбасада во САД: фрлени „молотови коктели“
Министерот за надворешни работи на Куба, Бруно Родригес Париља, соопшти дека, вчера, во текот на ноќта била нападната кубанската амбасада во Соединетите Американски Држави.
Амбасадата стана цел на терористички напад, напиша тој на мрежата „Икс“.
Според него, непознато лице фрлило две шишиња со експлозивен материјал кон дипломатското претставништво на Куба.
За среќа, никој од вработените не е повреден.
Инаку, ова е втор ваков напад од 2020 година. Тогаш маж пукал во амбасадата со автоматска пушка.
Истрагата е во тек.