АПЕЛ: ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА БОРЧЕ
Улица Милан Мијалковиќ бр.69, населба Пржино, Скопје.
Во месец Септември 2020 година, во скопската населба Кисела Вода живее Боривоје Грујиќ – Борче. Борче има 36 години.
Борче има проблем со менталното здравје, Борче е ментално попречен и ограничен, Борче е лице без деловна способност.
Борче нема лична карта, нема никакви лични документи и е лице со нарушен вид. Ноќно време не излегува бидејќи нема струја во преспивалиштето, ниту пак гледа добро. Легнува во 9 часот навечер, и станува во 5 часот наутро.
Борче живее во напуштена руинирана колиба, без струја, без вода и со неизвесен оброк во текот на денот.
Борче можете да го сретнете секој ден на контејнерите во населба Кисела Вода. Борче собира храна за животните со кои што го дели кровот и постелата.
Борче живее со 4 кози, 3 кокошки и едно прекрасно куче во населба Пржино во трошна куќарка.
Борче нема никакво греење а наближува студеното време.
Борче спие на распаднат душек и нема достоинствен кревет.
Борче живее во влага, без услови за лична хигиена во услови на глобална пандемија од корона. Борче се нема искапено ниту потстрижено со месеци, можеби подолго од година. Борче нема заштитна респираторна маска, бидејќи не може да си ја дозволи.
Борче живее од јадење на јаболка кои што му растат во дворот, неколку јајца од кокошките и сув леб.
Козите на Борче не даваат млеко будејќи се неухранети. Се хранат од околните пасишта на самите падини од Водно, непосредно над руиниранато ѓубриште во кое живее.
Борче не е приклучен на градската водоводна мрежа и пие вода со кафеакаста боја од својот двор, ископана од бунар.
Борче нема струја, вода, храна, греење, нема никакви примања ниту лична документација, нема лекарства, нема пристап до здравствено осигурување ниту пак пристап до социјалната помош која по закон му следува на секое неимотно и правно непособно лице со ментална попреченост, лице кое живее на маргините на општеството. Лице кое што живее и спие со животни во Септември 2020 година.
Додека се занимаваме со најбанални политики и сосема небитни работи, има луѓе кои не можат да преживеат и се на работат на егзистенцијата, ограничени до пристап од општествена помош поради правна неспособност.
Борче нема банкарска сметка, мобилен телефон.
Кучето на Борче јаде суво лепче и коски од локалните месари, како и храна што ќе ја најде во контејнерите, за стоката но и за себе.
Ве молам СПОДЕЛЕТЕ и помогнете, кој колку може, не мора повеќе. Некој пар стари чевли, патики, тренерки, храна, покуќнина која ви дреме по подрумите или не ви е потребна, правна помош за посредување при општествена и социјална заштита за лице со ментална попреченост, помош во реновирањето на рунираната куќичка, храна за животните, или пак финансиска помош за обезбедување на минимални услови за живеење во услови на глобална пандемија.
Улица Милан Мијалковиќ бр.69, населба Пржино, Скопје.
СПОДЕЛЕТЕ!!!