НЕ ТЕПААТ САМО ТИЕ И НИВ ГИ ТЕПААТ

Полициска патрола вчеравечер била нападната од дрвокрадци на планината Мукос, во близина на селото Степанци, пренесува СДК.

loading...

Петмина полицајци се здобиле со повреди, двајца се тешко повредени и тројца полесно. Инцидентот се случил околу 19:45 часот на стариот пат Велес-Прилеп, преку Јасеново.

„На стариот пат село Извор-Прилеп, во атарот на селото Степанци, група граѓани кои вршеле бесправна сеча на огревни дрва ја нападнале патролата од петмина полициски службеници од Полициското одделение Чашка. Досега се приведени четири лица“, соопшти Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.

На самото место дошла екипа на Брзата помош, која пристигнала со асистенција на полицијата.



loading...

„Еден пациент има повреда на главата, а вториот затворена рана на стомакот. Дадена е прва помош и веднаш се префрлени на Хируршкото одделение во Велешката болница“, информираше д-р Васе Пановска, портпарол на Итната помош.

Најновите информации се дека двајца од повредените полицајци се пуштени дома. Со најтешки повреди минал командирот на Полициското одделение Чашка.