АПЕЛ ДО СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ТЕКСТИЛНИТЕ КОМПАНИИ

//

Јас како текстилен инженер сакам да упатам апел до сите сопственици на сите текстилни компании во Македонија, со оглед на тоа што периодов Македонија е опфатена со новиот заразен вирус Корона поточно (COVID 19 ) .

Јас како академски граѓанин, сакам да наведам дека е потребно менаџментите на училиштата, универзитетите, текстилните компании и јавните научни установи и сите други образовни институции да ја подигнат хигиената на највисоко ниво во сите простории каде што има честа фреквенција на луѓе. Додека пак за вработените во компаниите (ако веќе е неодложливо и мора да одат на работа) потребно е самата компанија да набави за секое лице заштитни униформи и сл. пример :

  • Заштитни комбинезони за повеќекратна употреба на еден корисник.
  • Заштитни маски со FFP filter за повеќекратна употреба на еден корисник.
  • Заштитни наочари со странична заштита за повеќекратна заштита на еден корисник.
  • Средство за дезинфекција на површини (високо концентрирано).
  • Ракавици .

Ги поддржувам и сите оние вработени во текстилните компании како текстилците , административците, да се покрене свеста и нивните барања за прекин на нивата работа да се одобрат во овој тежок период . Како што имам информација, дел од текстилните фабрики во Македонија веќе се затворени, но дел работат со цело работно време од 8 часа, и исто така за време на викендите . Ова не е игра, ова е нешто многу сериозно и спротивно на тоа ако не се одобрат барањата, треба да биде строго казниво за злоупотреба на работниците на работното место и непочитување на законските владини мерки.

Сопствениците на истите тие компании треба да ги почитуваат препораките дадени од страна на Владата И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО на РСМ за заштита и превенција од вирусот и да го прилагодат работењето / паузата соогласно ситуацијата во нашата држава .



Автор: Филип Крстевски



Претходна статија

ДРАСТИЧНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЗАБОЛЕНИТЕ ОД КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА

Следна статија

БРАВО ЗА ХРАБРОСТА: ОВОЈ МАКЕДОНЕЦ КАЖА ЈАВНО ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСОТ

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното