ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНС И НЕГОВАТА СОПРУГА СО НЕГАТИВНИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНАВИРУС

/

Резултатите од тестовите на американскиот потпретседател Мајк Пенс и неговата сопруга Карен Пенс се негативни на присуство на коронавирусот, соопшти портпаролката на потпретседсателот на САД Кејти Милер, јавува Гласот на Америка на македонски јазик.
„Задоволство ми е што можам да кажам дека резултатите од тестот Ковид-19 се негативни и за потпретседателот и за втората дама Карен Пенс“, рече Милер.
Пенс ги координира напорите на Белата куќа за борба против коронавирусот. Тој се согласи да го направиа тестот откако вирусот беше потврден кај еден од соработниците на администрацијата во Пенс, кој според Белата куќа, одреден период веќе не комуницирал директно со Пенс.
Претходно, претседателот на САД Доналд Трамп се тестираше за Ковид-19, со исто така негативен тест.





Претходна статија

AA: БЕКТЕШИ, ТРЕБА ДА БИДЕ СВЕСЕН ЗА ПОЗИЦИЈАТА ШТО ЈА НОСИ

Следна статија

МВР СО 77 КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ЛИЦА КОИ НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА

Најново од Вести