|

МВР СО 77 КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ЛИЦА КОИ НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА

Вкупно 77 кривични пријави за граѓани кои не ги почитувале владините мерки поднела полицијата, од воведувањето на мерките па се до денеска.

До обвинителствата пак доставени се пет посебни извештаи, и десет прекршочни мерки заради прекршоци при нарушување на јавниот ред и мир. МВР контролира и вкупно 604 луѓе на кои им се поднесени решенија за изолација, како и 6.662 изјави за самоизолација на граѓани.

Слични Објави