| |

СОБРАНИЕТО УТРЕ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ

Утре ќе се знае дали Собранието на Република Македонија ќе му го одземе пратеничкиот мандат на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за набавката на мерцедесот од околу 600 000 евра.

За одземање на мандатот ќе расправа Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања која, според веб страницата на Собранието, седницата ја има закажано за утре во 12 часот со единствена точка на дневниот ред – Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски врз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1 Скопје.



Слични Објави