| |

Почина големиот бугарски актер Славчо Пеев

„Си замина Славчо Пеев! Светлина Славе, ти благодарам за значајните моменти. Аплауз и поклон“! Со овие зборови објавени на социјалната мрежа Facebook директорот на Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ во Софија, Калин С’рменов ја соопшти тажната вест за кончината на големиот бугарски актер Славчо Пеев, јавува БГНЕС.

Пеев е роден на 4 април 1939 година. Дипломирал на ВИТИЗ „Крсто Сарафов“ во 1964 година.Пеев работел во Драмскиот театар „Јордан Јовков“ во Добрич, во Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ (1967 -), каде што бил режисер до 1989 година и во Радио Дарик. Бил директор на Бугарската академија за култура во Рим и на Централниот студентски дом на културата (1992 –).

Актерската кариера на Пеев вклучува над 70 театарски и 100 телевизиски улоги, се појавил во 23 филмови. Меѓу филмовите со негово учество се „Коњаник“ (1964), „Нема ништо подобро од лошо време“ (1971), „Со деца на море“ (1972), „Мисија Лондон“ (2010) и многу други.

Неговата режисерска кариера е поврзана со театарот и започна во 2006 година. Потоа Пеев во Сатиричниот театар ја поставил претставата „Римска бања“ од Станислав Стратиев. Други продукции што ги режирал се „Две свадби и една прељуба“ на Реј Куни и „Табела“ на Димитрис Кехаидис.



Слични Објави