|

Директорката на ФЗО не гледа одговорност кај неа за хакирањето: Во рекордно време го вративме системот

Директорката на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска-Грашкоска, не чувствува морална одговорност за хакирањето на системот. Другиот директор, Фатон Ахмети, за време на сајбер нападот си бил на одмор кој не го прекинал по падот на системот. Според Филиповска-Грашкоска, истрагата ќе покаже кој е виновен.

„Од прв момент кога сум влезена во институцијава давам напори за се подобра услуга за граѓаните“, рече Грашковска, па беше потсетена на прашањето за моралната одговорност таа додаде: „Максимално се вложивме да го решиме проблемот. Сметам дека фактот дека е решен за толку брзо време покажува дека си ја вршиме работата. Избрзано и некоректно е да посочам со прст во некого за вина“.

Филиповска-Грашкоска не сакаше да го коментира одморот на другиот директор на Фондот, Фатон Ахмети. Таа побара новинарите лично да го прашаат зошто не го прекинал.

„Сметам дека би било непрофесионално и некоректно да коментирам во негово име. Колегата беше известен за ситуацијата и брифингот, согласно решението, тој е се уште на одмор“, додаде Филиповска-Грашкоска.

Прашана колку пари бараа хакерите, Филиповска-Грашкоска рече „сите прашања се предмет на истрага“.



Слични Објави