СПИЈТЕ МИРНО ДЕЧИЊА… ГРУЕВСКИ НЕ Е БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН
Поранешниот македонски премиер не е бугарски граѓанин и нема издаден бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда. Реакцијата на министерството доаѓа по повеќе шпекулации во унгарските медиуми дека Груевски со бугарски пасош побегнал во Унгарија.
-Никола Груевски не е бугарски граѓанин и нема поднесено документи за бугарско државјанство. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, Груевски нема издаден бугарски пасош, се вели во соопштението од бугарското Министерство за правда.

