МИЛЕ ИМ ГО ЛЕПНА НА СУДИИТЕ: НЕ МОЖЕТЕ ПО МАГАРЕТО ПА МАВАТЕ ПО САМАРОТ
„Старите велат, не можете по магарето, удрете по самарот”, рече обвинетиот Миле Јанакиески, за време на судењето за случајот ТНТ, одговарајќи на прашањето на судијата – дали нему му е определена мерката притвор, пренесува Алсат. Јанакиески од вчера се наоѓа во притвор во предистражниот затвор во Шутка.
Во случајот „ТНТ“ покрај Јанакиески обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

