Таравари најави заеднички настап на изборите со ВМРО-ДПМНЕ

/

Потпишување договор за соработка со најголемата македонска опозициска партија најави Алијанса за Албанците откако тоа завчера го навести и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вчера изјави дека се во тек преговори за заеднички настап на изборите, а најверојатно идната недела ќе потпишат и договор за соработка. Исклучи секаква можност за соработка со ДУИ за Скопје, бидејќи партијата на Али Ахмети ќе коалицира со СДСМ.

– За Скопје немаме заземено став, меѓутоа ако дојде до соработка, таа ќе се однесува за повеќе општини. Доколку кандидатот за Скопје биде професионалец, од новата генерација политичари, без лош бекграунд, ние со Алтернатива сме подготвени да го поддржиме, рече Таравари.



Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на обединување во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ.

-Единствен начин да се надминат сите проблеми е да се делува инванзивно, а тоа е победа на здружената опозиција и катастрофален пораз на оваа неспособна власт предводена од СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски при посетата на Гостивар.

Претходна статија

Руските научници ја измениле вакцината „спутник В“ за употреба против делта-сојот

Следна статија

Од денеска нови рестриктивни анти-ковид мерки во Бугарија

Најново од Вести