ВО ЧИФТЕ АМАМ ИЗЛОЖБА НА АДЕМ ДЕРМАКУ

Во Националната галерија, објект „Чифте Амам“ вечерва (8 август) со почеток од 19.00 часот, ќе биде отворена изложбата „МОИТЕ СПОМЕНИ, ДАЛИ СЕ И ТВОИ…?!”, графики и цртежи од Адем Дермаку, познат уметник од Швајцарија/Косово.

Адем Дермаку, од 2003 година работи како стручен соработник во студио на литографија во Цирих, Швајцарија. Бил куратор и организатор на многу групни и самостојни изложби на познати уметници.

Учествувал на повеќе од триесет групни изложби од меѓународен и локален карактер. Учествувал и на неколку меѓународни уметнички колонии во нашата земја и во Косово. Добитник на девет награди за најдобра графика, најдобар цртеж и најдобра слика од Факултетот за ликовни уметности во Приштина, Косово. Добитник на наградата за најдобра графика од Здружението на ликовни уметници „Драудакум“.