ВРАБОТЕН ВО КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОЛОГИЈА ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС
Ренген-техничар од Клиниката за кардиологија е заболен од корона-вирусот, дознава неофицијално „Фокус“. Тој со симптоми на вирусот доаѓал на работа, по што бил тестиран.
Според нашите информации, ова медицинско лице не бил во странство, но најверојатно се заразил додека бил дома, бидејќи вработените на клиниката се поделени во два тима, кои се менуваат неделно или на две недели.
Официјални информации се очекуваат од Министерството за здравство.