|

МАЈКА И СИН ОД БАЊА ЛУКА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ИЗБЕГАЛЕ ОД БОЛНИЦА

Двајца жители на Бања Лука заразени со коронавирус избегале од Клиниката за инфективни болести во Бања Лука, соопшти полицијата.

Кај  двете лица со иницијали Д.Р. и Г.Р. е утврдена инфекција со коронавирус, пренесува „Танјуг“.

Се тврди дека Д.Р, незадоволен од условите во Студентскиот центар „Никола Тесла“, се заканил дека ќе скокне од петтиот кат, по што тој и неговата мајка биле преместени на Клиниката за инфективни болести во Бања Лука.

Слични Објави