Графити уметникот Николај Петров – Glow трансформираше пешачки подвозник во Софија
Графити уметник Николај Петров-Glow успеа да го промени изгледот на еден од пешачките подвозници на бул. „Цариградско шосе“ во Софија.
Подвозникот не беше реновиран многу години и изгледаше како непожелно и извалкано место. Тој се наоѓа пред кружниот тек „4-ти км“ на еден од најголемите булевари во главниот град. Проектот NetZero Campus го спроведува Факултетот за економија и бизнис администрација на СУ „Св. Климент Охридски“. Софијанци се задоволни, а трансформацијата на овој подвозник заслужува многу восхит и за иницијативата и за реализацијата.
Николај Петров-Glow е познат графити уметник. Има многу дела на улиците и зградите во главниот град. Има бојосано кошаркарско игралиште во населбата Стрелбиште, правел секакви убави цртежи на ѕидови, трафостаници, гаражи. Во јули 2020 година тој го наслика својот прв хоризонтален мурал на кошаркарско игралиште како дел од фестивалот во Приштина, Косово поканет од локална екипа.
Фото: БГНЕС

