|

БОРИС ЏОНСОН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека е заразен со коронавирус. Како што самиот тој соопшти развил благи симптоми – „температура и постојана кашлица“ и по совет на главниот медицински службеник, тој направил тест кој покажал дека е позитивен на коронавирусот.

Џонсон рече дека се самоизолира и работи од дома. Тој порача дека благодарение на „волшебството на модерната технологија“ тој ќе продолжи да ја води националната борба против вирусот.

Тој се заблагодари на медицинските работници што помагаат земјата да ја надмине пандемијата и повтори дека останувањето дома е фундаментално за да се запре ширењето на вирусот.



Слични Објави