ВРЕМЕТО ЗА МОЛЕЊЕ ПОМИНА- ГЕОРГИЕВСКИ ЌЕ РУШИ ДИВОГРАДБИ
„Се бројат деновите и многу скоро ќе почне рушењето на дивоградбите во Охрид. Сите кои имаат бесправно изградени, платформи, тераси, бетонски бази час поскоро сами да почнат со остранување, порача денеска градоначалникот Георгиевски и вели никој нема да биде поштеден ќе се руши апсолутно се, охридското крајбрежје до крајот на месецов ќе почне да се враќа во првобитна положба, јавува ТВ24.
Тој најави дека од утре инспекторите излегуваат на терен, а освен за платформите, ќе изготвуваат налози и за објектите, тоа што ќе се утврди дека е нелегално ќе добие рок од 10 дена да се сруши.
Георгиевски е дециден и вели времето на молење и убедување заврши, за да нема нови проблеми уште еднаш апелира сите кои имаат дивоградби сами да ги срушат.
