ОЧЕ, ВИЕ СТЕ ЗА КЕЦ ГО СПОРЕДУВАТЕ ГОЦЕ СО ЕДЕН КОМУНИСТИЧКИ КАСАП

//

Драг Гоце,

И после 117 години скоро сè е исто само со неколку мали измени во твоето разбирање на светот
-полето не е веќе широко туку е минско
-натпреварот меѓу народите не е веќе културен туку политички.
-се натпреваруваме во некултура, па мало ни е полето за сите простотилаци.
-комшиите толку многу нè сакаат што и во фашистички сојуз влегле на времето за да нè ослободат.
-Ти загина од турски куршум, ние ќе изгинеме без куршум. Ќе се изедеме меѓу себе за да им докажеме на комшиите дека не се во право.
-Ванчо Михајлов одамна го рехабилитиравме. Не ни сметаат неговите пробугарски ставови низ цел 20ти век, си најдовме нови кривци.
-кога ќе помисли човек дека битката со Короната е најтешка битка на човештвото денес, ќе се излаже. Ние се бориме плус со Каракачанов и Захариева во 21ви век, бидејќи тие се спремни и со Дарвин да се скараат. Остануваат на ставот дека човекот од мајмун постанал, а Македонецот од Бугарин.
-ти стана Че Гевара
-ние треба да сме Куба…

И така ти велам се е исто само…
Или ти не го разбираше баш светот или ние не те разбираме.
Вечен ти спомен даскале!
Вади дневникот и пиши ни кецови. Ништо не сме научиле, стои во статусот на отец Пимен.





Претходна статија

„ПРВ ДО ВРВ“ ОРГАНИЗИРА ВИРТУЕЛНИ ТРКИ НА ВОДНО И ВО ТРЧАЊЕ

Следна статија

(ВИДЕО)ШЕКЕРИНСКА ГИ НАПАДНА „КОМИТИ“ И „ВОЈВОДИ“ ДЕКА ТЕРАЛЕ ПОЛИТИКА СО ИЗВИКОТ НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести