ТРАМП ГО ПРЕДУПРЕДИЛ ПУТИН: ТЕРОРИСТИ ПОДГОТВУВАЛЕ НАПАД ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ ЗА НОВА ГОДИНА!
Американците им предале информации на Русите дека се подготвува терористички напад за Нова година во Санкт Петербург, соопштија од Федералната служба за безбедност на Русија.
Руската служба соопшти дека по добиените информации од своите американски колеги, била изведена полициска акција во која биле уапсени двајца руски државјани под сомнение дека подготвувале терористички напад.
Како што пренесуваат руските медиуми, претседателот на земјата, Владимир Путин му се заблагодарил на Доналд Трамп за информациите со кои бил спречен потенцијален новогодишен масакр во рускиот град.
Инаку, познато е дека податоците биле проследени преку тајните канали на специјалните служби, но повеќе детали околу ова не се откриени.
Од Кремљ соопштија дека претседателите на двете држави, Доналд Трамп и Владимир Путин во телефонскиот разговор се согласиле дека САД и Русија ќе ја продолжат соработката на полето на борбата против тероризмот.
Телефонскиот разговор бил одржан на иницијатива на рускиот претседател Владимир Путин.

