|

Претседателката Сиљановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу.

Сиљановска Давкова денеска ја разреши заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска.

Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.

Претседателката, како што е нагласено во соопштението, овие одлуки ги донесе согласно нејзините уставни и законски надлежности.



Слични Објави