Бугарскиот културен центар „Магура“ со дел од проект на аеродромот O’Hare во Чикаго
Бугарскиот културен центар „Магура“ од Чикаго учествува во уметничкиот проект Irenwe Wa: she speaks the regular way, создаден како дел од проширувањето на Терминал 5 на меѓународниот аеродром O’Hare во Чикаго, САД. Веста ја соопшти Центарот преку својата официјална страница на Фејсбук.
Инсталацијата ги собира гласовите на имигрантските заедници во Илиноис преку избрани пораки кои ги изразуваат нивните културни идентитети и вредности.
За бугарската заедница избрани се зборовите на Апостолот на слободата Васил Левски: „Времето е в нас и ние сме във времето, то нас обръща и ние него обръщаме.“
„Порака која секогаш буди чувство за непреодност на вредностите што Бугарите ги носат со себе каде и да заминат,“ порачаа од „Магура“, изразувајќи благодарност до Изидора Анжел за преводот на англиски јазик: “Time is eternal within us, as we are eternal in timе; it transforms us, and we transform it.”
Центарот упати покана до сите што ќе патуваат преку Терминал 5 да ја посетат инсталацијата и да споделат фотографии и впечатоци. „Нека нашиот глас биде дел од светскиот круг на култури и идеи – затоа што времето е во нас и ние сме во времето,“ порачаа од „Магура“.
