|

Герасимовски: Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола на хрватски новинари да влезат во Песталоци

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, демантира дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во училиштето каде учеше Вања.

„Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола, на хрватски новинари да влезат во училишето. Влезот е строго контролиран и дозвола за влез може да даде само директорката на училиштето“, вели Герасимовки за „Макфакс“.

Ваквата информација ја сподели и на социјалните мрежи.

Утринава, „Макфакс“ пренесе дел од репортажата на хрватски „Јутарњи лист“ во која, меѓудругото, тие велат дека директорката на Песталоци не им дозволила да го фотографираат школото и ги замолила да го напуштат училиштето.

Слични Објави