Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027 година
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков најави дека изградбата на Универзална сала ќе се реализира во една фаза, со инвестиција од 20 милиони евра. Тендерот е распишан, а доколку постапката заврши успешно, градежните работи ќе почнат во септември.
„Овојпат нема фази, изградбата ќе биде клуч на рака. Очекуваме салата да биде завршена до крајот на 2027 година,“ изјави Љутков, нагласувајќи дека Министерството за култура и туризам целосно ја презело одговорноста за проектот.
Тој посочи и дека се обезбедени средства за реставрација на скопското Кале, каде што со осум милиони денари ќе се довршат двата музеја за праисторија и Отоманскиот период, со цел тие конечно да бидат отворени за посетители.

