АПЕЛ ЗА ПОМОШ: ДА И ПОМОГНЕМЕ НА МАЛАТА АНАСТАСИЈА КОЈА СЕ БОРИ СО ТЕШКА ФОРМА НА ТУМОР

Двегодишната Анастасија Ризова од селото Пирава, Валандово, се бори со тешка форма на тумор. За нејзиното лекување во Турција неопходни се 100 илјади евра, пари кои нејзините родители неможат да ги обезбедат.

За таа цел, отворена е донаторска сметка, отворени се броеви за донација на операторите Телеком и А1, исто така отворена е Gofundme кампања. Отворени се различни опции за донација.