|

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: СКОПЈАНЕЦ ПОВИКУВА НА ХУМАНОСТ И ПОДАДЕНА РАКА ЗА НЕГОВАТА МАЈКА

Александар Митревски од Скопје, преку социјалните мрежи апелира хуманите луѓе да и помогнат на неговата мајка која е во тешка состојба.

-Мојата мајка Цена Димкоска, има опструктивна белодробна болест и хронична респираторна слабост, поради животнозагрозувачка состојба во која се наоѓа семејството, семејството одлучува да ја смести на Интензивна нега во Систина, каде е направен оперативен зафат и сеуште е на Интензивна нега. Иако е во малку подобра состојба не е во можност самостојно да дише, за тоа што е потребно да се набави апарат за дишење за во домашни услови. Семејството не е во можност да го покрие болничкото лекување и набавката на апаратот, потребни се околу 30.000 еур. да помогнеме, пишува на социјалните мрежи синот Александар.

Број за донации A1: 143 469
Број за донации Телеком: 143 124
Стопанска Банка АД Скопје
Жиро сметка: 200002759263738

Ви благодариме за хуманоста и подадената рака!

Слични Објави