| |

АПЕЛАЦИЈА НА ОТВОРЕНА СЕДНИЦА ОДЛУЧУВА ЗА ПРИТВОРОТ НА САШО МИЈАЛКОВ

Апелацискиот суд денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, со која бара да му биде укинат притворот кој му беше одреден по изрекувањето на пресудата за случајот „Титаник 2“.

Притворот на Мијалков на 8 март му беше одреден од Кривичниот суд по барање на СЈО. На истото рочиште Мијалков беше осуден на казна затвор од 3 години за случајот Титаник 2. За истиот случај казна затвор од 3 години и два месеца доби лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, беше осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци.



Слични Објави