МАРКОВИЌ: НА ЛУЃЕТО ИМ Е ПРЕКУ ГЛАВА ОД СНИМКИ
„На 12-ти јуни да имавме избори, опозицијата ќе имаше затворено портфолио, кое немаше што да го смени и тие ќе излезеа со приказната Добро, жртвувавме многу но се исплатеше“, вели универзитетскиот професор Ненад Марковиќ за емисијата „Вин-вин“.
„Се уште ЕУ и НАТО се на ниво на една симболична придобивка, а имате луѓе кои ви умираат секојдневно на респиратори, што е многу горка реалност. За секоја опозиција важи правилото, колку полошо, толку подобро. Ова со снимките што се случува дава интересна работа. За Груевски и екипата имаше еден куп снимки, а човекот освои најмногу гласови 455 илјади, така да на луѓето веќе им е преку глава од снимки, иако опозицијата најавува уште пошокантни снимки“, смета Марковиќ.