ГДУ-ОХРИД: ДО КАДЕ Е ИЗГРАДБАТА НА ВЕТЕНИОТ УЛТРА-МОДЕРЕН СТАДИОН ВО ЛЕСКОЕЦ?
„Во Лескоец беше ветен стадион и тоа не било каков, туку од едни модерен, а пак од други ултра модерен. Но за жал и после 10 години, сликата во Лескоец е иста. Имено на пред 3 години се појави еден млад директор од редовите на СДСМ, кој без да се штеди ги нападна претходниците и воедно најави конечна изградба на одамна ветениот стадион и подобрување на условите во спортот. Тој директор е Дарко Каевски, од Агенција за млади и спорт, кој меѓу другото од Лескоец најави и неколку други проекти, кои владата на СДСМ, Агенцијата за млади и спорт и локалната власт ЌЕ ги направеле во најскоро време. Затворена спортска сала за училиштето во Лескоец, 3-4 други сали по градот, реконструкција на постоечката сала „Билјанини извори“, втора трибина на градскиот стадионот „Билјанини извори“, затворен базен итн. се само едни од многубројните предизборни ветувања.
„Ултра модерното игралиште“ во Лескоец, кое за жал сѐ уште го нема, е најавувано 10 години наназад и тоа од двете сестрински партии. ДПМНЕ го најави како МОДЕРЕН стадион, а пак СДСМ за да биде поразличен го најави како УЛТРА модерен стадион. И замислете од стадионот, модерен или ултрамодерен останаа само стативите кои се скршени на неколку дела. Тоа е лицемерието на овие партии, кои ако не се лажеме за неколку месеци повторно ќе дојдат и ќе бараат гласови, но се плашиме дека не постојат повеќе суперлативи кои ќе можат да ги искористат.
Изградба на затворен базен, исто така се најавува 10 години. ДПМНЕ го најави во својот мандат, но ништо од најавата, а пак СДСМ на истово место велелепно го најави за 2018 година, но изгледа кај нив некој им подметнал старо календарче. И ако не се лажеме го најавија за 2019, па за повторно да го најават за 2020 година.
И за крај Отпадот Буково, Стационарот. Тоа се уште неколку проекти и решенија кои им ги нудеа на граѓаните, но од тоа сѐ уште нема ништо.
Од името на ГДУ и на нашите сограѓани, ве замолуваме да се вразумите и конечно да ги фрлите маските и да се фатите за работа. На народот му требаат решенија и завршени проекти, а не лаги и понуди, два дена пред избори“, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на ГДУ-Охрид, Даниел Јорданоски.