ЗАФИРОВ (ГДУ): ДПМНЕ И СДСМ ГИ ДРЖАТ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Стојанче Зафиров, членот на УК на ГДУ, во емисијата „168 Анализи и коментари“ на ТВ- Стар изјави дека, Граѓанско Демократска Унија се залага за отворени листи за да имаме слобода во самиот изборен процес. „Граѓаните и самиот изборен процес се узурпирани од раководителите на двете гигантски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“, додаде Зафиров.