|

Сребрен Поппетров: Состојбата на Бугарите од „Голо Брдо“ и „Поле“, што останале во границите на Албанија

Извештај за состојбата на Бугарите од „Голо Брдо“ и „Поле“, што останале во границите на Албанија, испратен од Сребрен Поппетров до Дебарското друштво „Св. Иван Бигор“ во 1930 година.

„Господине Претседателу,
Почитувано Собрание,

Друштвото кое што Вие го раководите е составено од Бугари, чиешто потекло е од „Голо Брдо“ и „Поле“ – Дебарско – кои сега се во Албанија. И не само што потеклото на тие членови е оттаму, туку и сега мнозина од нив имаат живи свои браќа, сестри и роднини таму… Сите тие го исполниле својот свет долг, организирајќи се посебно за одржување врски со своите блиски, со грижа за нив, со помош таму – да се постигнат благородни национални права и придобивки.

Јас, воден од благородната мисла да ви помогнам во целите на ова здружение, знаејќи дека мнозина меѓу членовите – било зашто се далеку од родниот крај, било зашто одамна се тука, било зашто се родени и израснати на голема далечина од своите блиски – малку знаат за вистинската состојба на своите, ја изложувам во ова мое писание вистинската и сеопфатна состојба на вашите браќа во Албанија од ослободувањето на таа држава до денес, за друштвото да има предвид кога се грижи и работи за извршување на своите возвишени и благородни цели…“**

Сребрен Поппетров Попдимитров (1870–1950, Софија) бил истакнат бугарски револуционер, општественик и политичар. Член на ВМОРО од 1895 година. Бил бугарски учител, училишен инспектор и директор во Струмица, Скопје, Тетово, Солун, Сер и Одрин. Уредник на солунскиот весник „Учителски глас“. За време на Првата светска војна бил училишен инспектор во Скопско и Тетовско и бугарски окружен управител во Битола (1916–1917) и Куманово (1917–1918).

Го организирал основачкиот конгрес на Македонската политичка организација во САД и Канада. Бил пратеник од Македонската пратеничка група во XXI редовно Народно собрание (1923–1927) на Кралството Бугарија. Од 1928 до 1931 година бил главен инспектор за црковно-училишните работи на Бугарите во Албанија.

Сребрен Поппетров от с. Горно Върбени (Екши Су), Леринско, Егейска Македония – “Кратко изложение за положението на българите от Дебърско – Голо Бърдо и Поле останали в границите на Албания и грижи за тех”, Тирана, 1930 година

Слични Објави