|

Маричиќ: Прашањето на трговијата со луѓе е високо на агендата на Владата

Денеска во обраќањето пред постдипломците од Правната клиника при Универзитетот Џон Хопкинс вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека Владата има обезбедено основа за имплементација на Конвенцијата на ОН против транснационалниот организиран криминал со нејзините два протоколи, како и на Конвенцијата на Советот на Европа за активности против трговијата со луѓе, со што, како што посочи, се создава широка законска рамка за борба против трговијата со луѓе, со посебен фокус на децата.

Прашањето на трговијата со луѓе е високо на агендата на Владата, прво затоа што поседувањето ефикасни механизми за спречување и сузбивање на криминалните активности е задолжително за секое демократско општество, а второ, како земја кандидат за членство во ЕУ ја презедовме обврската да спроведеме соодветни мерки и активности за борба, меѓу другото и трговија со луѓе, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Ако ме прашате дали можеме повеќе, секогаш би рекол да. Секогаш може да се направи повеќе – подобро законодавство, поефикасна превенција и кривично гонење се предизвици не само за нашата земја, туку би рекол дури и во целиот свет“, изјави Маричиќ.



Слични Објави