ТИМОТ НА ГДУ СЕ СРЕТНА СО БИТОЛЧАНИ
Претседателот на локалниот клуб на ГДУ во Битола, Благојче Трајковски, носителот на ИЕ 5 Даниел Јорданоски и членот на Националниот комитет на ГДУ Омер Јусуфоски се сретнаа со битолчани.
Во релаксирана атмосфера тимот на ГДУ разговараше со граѓаните на Битола за основните проблеми со кои тие се соочуваат во нивниот секојдневен живот.
Трајковски ги запозна битолчани со приоритетите на ГДУ откако партијата ќе стане дел од идниот парламентарен состав и вети дека локалниот клуб и неговиот тим, ќе останат отворени за сите прашања и проблеми што ги мачат жителите на овој прекрасен македонски град.