| |

ДИМИТРОВ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ: ТОЈ БЕШЕ ДРЖАВНИК КОЈ ОБЕДИНУВА

„По повод 25 јуни, роденденот на Претседателот Борис Трајковски, би сакал за момент да се потсетиме на неговиот живот, историска улога и на неговата насмевка.

Тој беше голем и едноставен човек, со отворено срце. Често ручавме супа во неговата канцеларија, што тогаш беше во Собранието.
И потпечено лепче – тој ги сакаше корките, јас средината. ?

Неговата искрена и широка насмевка му донесе многу пријатели меѓу светските лидери.
Во овие “води” луѓето со отворена душа, кои умеат да се насмевнат од срце, кои се комотни во својата кожа и не зрачат неприродност, тие се вистински бисери.
Тоа светот го препознава, понекогаш и ние…

Тој беше државник кој обединува.
Дури и неговата трагична смрт обедини десетици и десетици илјади граѓани на улиците во Скопје.

Беше човек од акција и го правеше тоа што беше исправно и кога беше најтешко.
И си го сакаше народот. Траумите во 2001 му донесоа многу критики – од јавноста, владата, партиите, па и од меѓународната заедница.
Но, тој одеше напред, иако често без соодветно признание и поддршка, бидејќи ние Македонците ретко умееме да се поддржуваме во тешки времиња.

Тој беше човек и се разбира не беше совршен.
Меѓутоа, неговата морална снага беше посилна од човечките слабости. Тој докажа дека историјата не се случува, туку ја правиме самите.

“Најдобро што може еден државник да направи е да ги слуша чекорите на Бога, да се фати за работ од Неговото руво и да пооди со Него неколку чекори од патот“, рекол Бизмарк.
Токму тоа го направи претседателот Трајковски“, напиша на facebook министерот за надворешни работи и поранешен близок соработник на претседателот Трајковски, Никола Димитров.



Слични Објави