|

АПОСТОЛСКИ: СУДОТ ЈА ОДЛОЖИ ОЦЕНКАТА НА ОБВИНЕНИЕТО ЗА 27 АПРИЛ, ГИ НЕМАВМЕ СИТЕ ДОКАЗИ

Адвокатот на обвинетиот поранешен директор на УБК Владимир Атанасовски, Јордан Апостолски, рече дека судот го одложил рочиштето за оценка на обвинението за 27 април, бидејќи не ги добиле сите докази кои мора да ги имаат во согласност со правото на одбрана. Судот им дозволил да направат увид во доказите, по што повторно ќе биде одржано рочиште за оценка на обвинението.

Во врска со недозволувањето на новинарите да бидат присутни на рочиштето, Апостолски рече дека тие побарале од судот седницата да биде јавна, но судот го одбил барањето, со образложение дека јавноста е предвидена само за судењата, а не и за оценката на обвинението.

„Сметам дека сите судења треба да бидат јавни, особено бидејќи станува збор за сериозен настан”, рече Апостолски.

Извор: Макфакс



Слични Објави