| |

„ЉУБОВ“ ШТО ЗАВРШИЛА ВО ОЗЛОГЛАСЕН ЗАТВОР НА КОМУНИСТИЧКАТА ИСТОЧНА ГЕРМАНИЈА

Затворот на Штази (тајната полиција на Германската Демократска Република) Хоншонхаузен денес е музеј што може да послужи како противотров за комунистичката носталгија.

Кога Ханс Шулце бил затворен во комунистичка источна Германија во осумдесетите години на минатиот век, тој никогаш не помислувал дека некогаш ќе се врати на истото место по неговото ослободување. Но, сега тој редовно ја отклучува вратата на својата ќелија за да им покаже на туристите, каков бил животот во затворот на тајната полиција на ГДР.

Шулце е западногерманец, кој бил претставник на хемиска компанија во источниот дел на земјата. Отпатувал за Лајпциг во 1986 година, кога застанал во еден сервис за автомобили и случајно запознал една жена.

Шулце бил запленет од жената и тие започнуваат врска. Димензијата Исток-Запад на нивната врска била повеќе возбудлива, но и до ден денешен тој не е сигурен дали таа навистина го сакала или само го користела.

„Не знаев дека таа е информатор на Штази“, вели 66-годишниот Шулце, кој сега е туристички водич во затворот Хоншонхаузен во Источен Берлин, каде што служел казна пред три децении.

Приказните за заведување и предавство се типични за шпионажата во ерата на Студената војна. После извесно време Шулце дознал дека сопругот на неговата љубовница работи во Штази. Сепак, целата слика станала јасна кога медиумите објавиле нејзини досиеја на соработник на тајната полиција во 2009 година.

Шулце не знаел дека неговата сакана имала задача да се дружи со патници и бизнисмени од Западна Германија. Пред него, таа тврдела дека сака да избега на Запад, но тој сè уште не бил сигурен дали тоа било нејзината желба или е само план на тајната полиција.

Три години пред падот на Берлинскиот ѕид, Шулце уапсен на границата пред да ја напушти ГДР. Во неговиот автомобил било пронајдено писмо од жената во коешто таа пишувала за работата на нејзиниот сопруг, како и пари што сакала Шулце да ги донесе на Запад.

Тој е обвинет за шпионажа, а следниот ден е уапсена и неговата сакана, но тој не е сигурен дали таа воопшто била обвинета. На крајот, источните германски власти ги повлекуваат обвиненијата за шпионажа, нелегална трговија со луѓе и тајни – што би довело до долга казна – и тој беше осуден на две и пол години затвор за валутен криминал и помагање и поттикнување на бегство преку граница.

„Дозволете ми да ви кажам, ова е тежок удар. Прво, треба да сфатите што се случило “, вели тој за манипулацијата со своите чувства. „Сега знам дека го сториле тоа намерно, тоа е она за што ги обвинувам“.

Шулце смета дека бидејќи бил западногерманец бил подобро третиран во затворот, каде физичкото насилство било широко користено во 1950-тите години пред да се наметне психолошко испрашување, како метод за работа.

Тој бил пренесен во друг затвор пред да биде ослободен во октомври 1987 година. Еден месец подоцна, неговата сакана која ја издржувал казната работејќи во кујната на Хоншонхаузен, била ослободена. Шулце тврди дека врска завршила, откако тие влегле во затворот. По обединувањето на Германија, жената почнала да продава автомобили и била управител на хотел.

Шулце донел тешка одлука да се врати во затворот, овој пат како водич, но сакал да им пренесе на луѓето и највеќе на децата родени по распадот на ГДР, што се случувало позади ѕидовите на затворот. Шулце ја раскажува својата тажна приказна на политички затвореник на речиси половина милион луѓе кои доаѓаат секоја година за да го посетат овој озлогласен затвор на Штази.

“Во овој затвор биле сместени илјадници политички затвореници, а сега е музеј и споменик. Тука сум за да пренесам порака“, вели Шулце.

Слични Објави